во ,

ПАНИКА ВО ТЕТОВО: Уапсен 18-годишник за лажните дојави за бомби

Осумнаесетгодишник од селото Палатица е уапсен под сомнение дека стои зад лажните дојави за бомби во неколку училишта во Тетово

Според информациите од СВР Тетово, осомничениот во повеќе наврати испраќал електронски пораки до образовни институции со тврдења дека се поставени експлозивни направи. По извршените проверки, полицијата утврдила дека сите дојави биле лажни, но наставата во училиштата била прекинувана, а јавноста вознемирена.

Координирана полициска акција

Супер Попуст -25%

Акцијата за приведување била спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со СВР Тетово. Осомничениот бил лишен од слобода на 27 февруари во 09:10 часот.

Претрес и одземени електронски уреди

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле одземени повеќе електронски уреди. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

150 електрични автобуси за Македонија: Скопје добива 100 нови возила

ТРАМВАЈ УДРИ ВО ЗГРАДА: 39 повредени во тешка несреќа