
Времето денеска (сабота, 20 декември) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но по котлините утрото започнува со појава на магла.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат од -3 до 2 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 13 степени.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Во Скопје времето е тивко и магливо, со утринска температура од -3 и дневна до 8 степени.
Што нè чека од вторник?
Стабилното време ќе се задржи уште два дена.
До вторник: Претежно тивко со магла по котлините.
Од вторник попладне: Започнува промена на времето со повремени локални врнежи од дожд.
Снег: На планините и на повисоките места, дождот ќе помине во снег.


