во ,

Христос се роди! Православните верници го слават најрадосниот христијански празник

ХРИСТОС СЕ РОДИ! Македонија го слави Божиќ со молитва за мир и обнова на духовноста

Со свечени литургии низ целата земја, православните христијани денеска го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ. Централното чествување се одржува во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот г.г. Стефан отслужи Света архиерејска литургија.

Божиќно послание: „Малите пропусти носат големи несреќи“

Супер Попуст -25%

Во своето традиционално послание, г.г. Стефан испрати силна порака до верниците да се свртат кон вистинските вредности во време на неправди и беззаконие.

„Живееме во свет каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку владеат норми спротивни на нив. Да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо. Потребно е да сфатиме дека секоја наша постапка носи последици. И малите пропусти можат да доведат до големи несреќи, како што и малите добрини доведуваат до големи дела.“

Архиепископот повика на поправање на слабостите во новата година и работа на местото каде што Господ нè поставил – совесно и добродушно. Тој ги поздрави сите Македонци во татковината и расејани по светот со радосниот поздрав: Христос се роди! Навистина се роди!

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зимата се враќа на голема врата: Од утре снежна покривка и во пониските места

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ЈАНУАРИ: Божиќ носи нова енергија, само 1 знак ќе има лош ден