
Според Министерството за одбрана, пожарите беснеат во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро. На терен се ангажирани околу 450 припадници на службите кои неуморно работат на нивно гаснење и ставање под контрола.
Најкритично е во областа Лура
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Најголемиот дел од силите се распоредени во областа Лура, во регионот Дебар. Таму се ангажирани дури 200 луѓе кои спроведуваат интензивни активности за локализирање на огнот. Противпожарните екипи и припадниците на вооружените сили се распоредени и на останатите критични точки, додека надлежните институции ја координираат состојбата.
Претседателот бара строги казни за пироманите
Засега сè уште нема конечна проценка за вкупната материјална штета предизвикана од катастрофалните пожари. Албанскиот претседател Бајрам Бегај упати благодарност до сите кои учествуваат во справувањето со огнената стихија во услови на екстремно високи температури.
„Сторителите кои ја палат земјата мора да бидат строго казнети согласно со законот“, порача претседателот Бегај, повикувајќи ги граѓаните на максимална внимателност и одговорност.
Тој исто така апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат упатствата на надлежните служби со цел да придонесат во заштитата на човечките животи, имотот и природата.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







