
Според сведочењето на сопругата, тој заминал од дома на 21 август околу 19:05 часот, без мобилен телефон и пари, што никогаш претходно не се случувало. Во неделата вечерта тој се јавил од туѓ телефон, информирајќи дека е во Штип со повредена нога и дека му е неопходна помош за да се врати во Битола, но семејството поради финансиски причини и грижа за двете мали деца не успеало веднаш да замине по него.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден

Прекинат секаков контакт од вторникот
По првичните краткотрајни разговори, од вторникот семејството повеќе нема никаков контакт со него, а случајот веднаш е пријавен во полиција. Сопругата апелира до сите граѓани кои ќе го забележат во Штип, околните места или каде било низ државата, веднаш да ја известат полицијата или да се јават на дежурниот телефонски број 078-550-521.
„Очајно го бараме само да се јави, за да му организираме превоз и да се врати дома. Двете мали деца го чекаат,“ стои во потресниот апел споделен на социјалните мрежи.


