
Времето денеска низ државата и во Скопје
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи во интервал од минус 1 до 7 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.
Од понеделник заладување и снег на планините
Во наредните денови ќе се задржи променливото облачно време, придружено со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, кога под влијание на продор на постуден воздух од север, во попладневните часови на планините дождот ќе преминува во снег.
По кратко стабилизирање, метеоролозите најавуваат нов бран врнежи од дожд во четврток и петок.
„Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, кога поради продор на постуден воздух од север, попладне на планините дождот ќе преминува во снег, а нов бран врнежи од дожд се очекува во четврток и петок“, информираат од УХМР.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден







