во

ЛДП: Лицемерие на Владата – најавува дигитализација со „мУслуги“, а тајно вработува илјадници партиски војници

Либерално-демократската партија (ЛДП) упати остри критики кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за лицемерие и манипулација. Според партијата, најавената дигитализација е само параван за масовно вработување на партиски кадри.

Дигитализација на хартија, партиски вработувања во пракса

Од ЛДП посочуваат дека за само 24 часа Владата самата ги демантирала своите најави. Додека премиерот Мицкоски се слика на презентации промовирајќи ја новата апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери и хартиени документи, истовремено се носат, како што велат од партијата, „шверцувани одлуки“ за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавниот сектор.

Супер Попуст -25%

Според партијата, ова претставува отворено потценување на интелигенцијата на граѓаните, бидејќи не е логично да се укинуваат шалтерите, а во исто време да се отвораат нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии.

Критики за партиски клиентелизам и трошење на буџетот

Генералниот секретар на ЛДП и поранешен пратеник, Боби Мојсоски, нагласи дека ваквите чекори не претставуваат реформи, туку брутално полнење на институциите со партиска војска пред изборите, и тоа на товар на граѓаните кои и онака едвај врзуваат крај со крај.

„Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија“, дециден е Мојсоски.

„Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци и вистинска дигитализација со вештачка интелигенција“, порачуваат од Либерално-демократската партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Објавена аудиоснимка од кобната наредба: 68 загинати во железничката несреќа, протести и солзавец во Мадрид

ДОМ до Владата: Економскиот раст нема вредност ако не се чувствува во паричниците и во воздухот што го дишеме