
Раст на трошоците за живот и најавени поскапувања
Според соопштението на СДСМ, вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември е зголемена за 469 денари во споредба со претходниот месец. Од партијата посочуваат дека со вклучена кирија за стан, месечните трошоци за едно семејство достигнуваат околу 90.000 денари, при што, како што наведуваат, ниту три минимални плати не се доволни за нивно покривање.
Од СДСМ додаваат дека само за храна и пијалаци на едно семејство му се потребни околу 26.000 денари месечно, предупредувајќи дека најавените поскапувања на електричната енергија и парното греење од почетокот на 2027 година дополнително ќе го оптоварат семејниот буџет.
Критики за минималната плата и задолжувањата
Во својата реакција, опозициската партија ја обвинува Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не презема конкретни мерки за намалување на цените и поддршка на ранливите категории, како и за одбивањето да ја зголеми минималната плата на 600 евра. Според тврдењата на СДСМ, нема доволно средства за работниците, земјоделците и за зголемување на студентскиот оброк.
Партијата упати критики и за фискалната политика, обвинувајќи ја власта за нови задолжувања од четири милијарди евра за две години и најавени дополнителни две милијарди евра за 2027 година, при што тврдат дека парите се насочуваат кон тендери наместо кон граѓаните.
„Народот едвај врзува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош за ранливите категории, владата на Мицкоски не прави ништо“, се наведува во соопштението на СДСМ.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден







