
Барање за итна истрага и независно правосудство
Од партијата бараат детално испитување на секој можен аспект поврзан со Алта банка, вклучително и потеклото на капиталот, донесените одлуки и наводните договори со српскиот претседател Александар Вучиќ и бизнисменот Мацура. Според СДСМ, обвинителството не смее да дејствува по политички наредби пренесени преку медиумите, бидејќи таквото однесување ја разјадува независноста на правосудството и води до катастрофални оценки во извештаите на Европската комисија.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
„Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува“, нагласуваат од опозицијата, барајќи од Савески да ја оправда дадената заклетва пред граѓаните.
Опасност од заташкување преку продажба
Во соопштението се потенцира дека полицијата и обвинителството мора веднаш да ги обезбедат и да ги испитаат сите сметки, трансакции и целокупната документација на банката, и за утврдените наоди транспарентно да ја известат јавноста.
СДСМ предупредува дека каква било потенцијална продажба или преземање на банката не смее да послужи како покритие за заташкување на случајот и избегнување на евентуалната одговорност на инволвираните лица.
„Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните. Вистината излегува на виделина.“


