
Противпожарните тимови водеа интензивна битка на повеќе фронтови, при што успеаја целосно да ликвидираат 14 жаришта, додека еден пожар е ставен под целосна контрола. Пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда каде што гореше високостеблеста букова шума, е локализиран и спречено е неговото понатамошно ширење.
Осум критични активни жаришта
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
На терен сè уште се води активна борба со огнената стихија на неколку исклучително тешки и непристапни терени. Најсериозна е состојбата на потегот Студеничани – Зелениково, каде гори мешана шума кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер, Палиград и над селото Вражале. Во Македонски Брод, пожарот се протега на потегот помеѓу природниот резерват „Јасен“ и селото Брезница каде што гори квалитетна борова шума.
„Активни жаришта има и во гостиварското село Трново кое се шири кон Битово и Заград, над селото Нежилово во Чашка, меѓу Долно Чичево и Подлес во Градско, кај прилепско Коњаре, на градската депонија Мелци во Кавадарци, како и во близина на мебелен салон во Виница.“
Локализирани и изгаснати 14 пожари
Благодарение на брзата и координирана реакција на противпожарните екипи, ликвидирани се пожари на отворено во повеќе региони. Успешно се изгаснати пожарите во општините Сарај (Чајлане и Арнакија), Гостивар (Турчане и Фазанарија), Куманово, Берово, Струмица, Кичево, Струга, Делчево, Пробиштип, Гази Баба и Чучер Сандево. Надлежните служби продолжуваат со деноноќно следење на состојбата на терен.


