
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) направи историски чекор со одобрувањето на првиот лек за слабеење во форма на таблета, произведен од данскиот гигант Novo Nordisk.
Ова е огромна пресвртница бидејќи досегашните најефикасни третмани (како популарните Ozempic или Wegovy) се администрираа преку неделни инјекции. Новата таблета се зема еднаш дневно и според клиничките испитувања на 1.300 луѓе, нуди исти резултати како боцкањето:
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Просечно губење: Корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина.
Супер-ефект: Една третина од испитаниците намалиле дури 20% или повеќе.
За разлика од лековите кои првично беа за дијабетес тип 2, па се користеа „off-label“ за слабеење, оваа таблета е развиена од самиот почеток исклучиво за третман на дебелина.
Кога ќе биде достапна?
САД: Почеток на јануари 2026 година.
Европа: Регулаторна одлука се чека најрано во втората половина на 2026 година.


