во

ЦУК СО НАЈНОВ ПРЕСЕК: 23 пожари низ Македонија, 8 жаришта сè уште активни!

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави нов официјален пресек за состојбата со пожарите на територијата на државата. До 18:00 часот се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои дури 8 сè уште се активни.

Противпожарните тимови водеа интензивна битка на повеќе фронтови, при што успеаја целосно да ликвидираат 14 жаришта, додека еден пожар е ставен под целосна контрола. Пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда каде што гореше високостеблеста букова шума, е локализиран и спречено е неговото понатамошно ширење.

Осум критични активни жаришта

Супер Попуст -25%

На терен сè уште се води активна борба со огнената стихија на неколку исклучително тешки и непристапни терени. Најсериозна е состојбата на потегот Студеничани – Зелениково, каде гори мешана шума кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер, Палиград и над селото Вражале. Во Македонски Брод, пожарот се протега на потегот помеѓу природниот резерват „Јасен“ и селото Брезница каде што гори квалитетна борова шума.

„Активни жаришта има и во гостиварското село Трново кое се шири кон Битово и Заград, над селото Нежилово во Чашка, меѓу Долно Чичево и Подлес во Градско, кај прилепско Коњаре, на градската депонија Мелци во Кавадарци, како и во близина на мебелен салон во Виница.“

Локализирани и изгаснати 14 пожари

Благодарение на брзата и координирана реакција на противпожарните екипи, ликвидирани се пожари на отворено во повеќе региони. Успешно се изгаснати пожарите во општините Сарај (Чајлане и Арнакија), Гостивар (Турчане и Фазанарија), Куманово, Берово, Струмица, Кичево, Струга, Делчево, Пробиштип, Гази Баба и Чучер Сандево. Надлежните служби продолжуваат со деноноќно следење на состојбата на терен.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХЕГСЕТ СО ОСТРА ПОРАКА: САД не ја исклучуваат употребата на воена сила против Иран!

ТАЈНА МИСИЈА ВО МОСКВА: Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, пристигна во Русија!