
Рускиот генерал-потполковник Фанил Сарваров е убиен утрово во Москва откако била активирана експлозивна направа поставена под неговиот автомобил.
Рускиот истражен комитет потврди дека жртвата е началник на одделот за оперативна обука на руските вооружени сили. Властите веднаш отворија истрага, а една од главните верзии на која се работи е вмешаност на украинските разузнавачки служби.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден


Кој беше Фанил Сарваров? Станува збор за високо одликуван офицер со богато воено искуство:

Роден 1969 година, дипломец на елитната Воена академија на Генералштабот.
Учествувал во борбени операции во Грузија, Чеченија и Сирија.
Од 2016 година раководел со Дирекцијата за оперативна обука.
Носител е на Орден за храброст и Медал Суворов.
Ова е уште еден во низата напади врз истакнати руски воени и јавни личности на руска територија, што укажува на сериозни безбедносни пропусти во Москва.


