во

Зимата пристигнува во Македонија: Од понеделник нагло заладување за 15 степени, утрински мраз и снег на планините!

По периодот на невообичаено топло време за ноември, Македонија и поголемиот дел од Балканот од понеделник, 23 ноември, ги очекува продор на студена воздушна маса од север. Метеоролозите најавуваат нагол пад на температурите за околу 15 степени и услови за утрински мраз.

Нагло заладување и температури под нулата

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека земјава би можела да биде зафатена од првиот посериозен студен бран во пресрет на зимата. Иако во понеделник во делови од земјата сè уште ќе има релативно повисоки дневни температури, во попладневните и вечерните часови ќе следува изразено заладување со пад на температурите за околу 15 степени во однос на претходниот топол период.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Најизразеното заладување се очекува од понеделник кон вторник, 24 ноември, кога максималните дневни температури во делови од земјата ќе бидат едноцифрени. Во утринските часови, особено во среда наутро, во постудените котлини и на повисоките места температурите ќе се спуштат околу и под нулата, создавајќи услови за појава на утрински мраз.

Локален дожд, снег на планините и постудени утра

Продорот на студениот воздух ќе донесе зголемена облачност и локални врнежи. Во понеделник на места се очекува дожд, додека со опаѓањето на температурите на планините ќе се создадат услови и за врнежи од снег. Точната распределба на врнежите и минималните температури ќе зависи од движењето на атмосферските системи.

Попоски најави дека во текот на викендот ќе објави подетални анализи за интензитетот и времетраењето на овој студен бран, а граѓаните треба да се подготват за значително постудени утра и вечери во наредните денови.

„Во понеделник попладне и навечер температурите би можеле да се намалат и за околу 15 степени во споредба со претходниот топол период, а во вторник максималните температури во делови од земјата ќе бидат едноцифрени.“

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ФАЗ: Вучиќ и СНС го претворија историскиот момент во српскиот парламент во „циркус на опструкции“

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 НОЕМВРИ: Проблемите се нижат, одморот останува само желба, а на еден знак сепак му е најтешко