
Над 70 мажи искористија бесплатни прегледи во Скопје: Апел за редовна контрола на простатата
Повеќе од 70 пациенти денеска направија бесплатни ЕХО и уролошки прегледи во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во рамки на кампањата „Мовембер“. Целта на акцијата, поддржана и од градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, е подигнување на свеста за машкото здравје, особено кај мажите кои често избегнуваат посети на уролог.
Кога треба да се оди на лекар?
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Д-р Дарко Костовски апелираше дека мажите над 50 години задолжително треба да прават уролошки преглед еднаш годишно (ЕХО и тумор маркери), додека оние со семејна историја на болести треба да почнат уште од 45-тата година. Алармантни симптоми кои бараат итна посета на лекар се појава на крв во урината, болки при седење и зачестена потреба за мокрење.


