
Многу одредби од американскиот мировен план за Украина делуваат прифатливо за Москва, додека европскиот план е „целосно неконструктивен“, изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
„Ни беше претставена опција која е во согласност со договорите постигнати на Алјаска. Затоа, многу, не би рекол сите, но многу одредби од овој план ни делуваат сосема прифатливо“, рече Ушаков, додавајќи дека руската страна верува на она што ѝ е пренесено преку соодветните канали од Вашингтон.
Американскиот план предвидува откажување од НАТО и територии?
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Според медиумите, планот на американскиот претседател Доналд Трамп од 28 точки предвидува Украина да се откаже од дополнителни територии на истокот, да ја ограничи големината на својата војска и формално да се откаже од членство во НАТО. Ушаков нагласи дека овие точки бараат детална дискусија.
Европскиот план веднаш отфрлен
За разлика од американскиот, Ушаков истакна дека европскиот план, за кој дознале утрово, „не им одговара“. „Тој е потполно неконструктивен“, рече тој. Ушаков откри и дека Москва добила сигнали од Вашингтон за лична средба и почеток на разговори за планот, иако конкретни договори сè уште не се постигнати.


