
Наводи од свиркачи за експресна постапка и можен судир на интереси
Според соопштението на СДСМ, откако Мицкоски и Славески ѝ ја отвориле вратата на „Алта банка“ во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му било дозволено да влезе и во осигурителниот сектор преку преземањето на „ЗОИЛ Македонија“. Од партијата прашуваат со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени средствата и кој го проверил нивното потекло.
Повикувајќи се на информации добиени од свиркачи, од СДСМ тврдат дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Оттаму јавно ја повикуваат Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) да одговори какви проверки биле направени во тој краток рок, кој ги спровел, врз основа на кои документи била дадена согласноста и дали кон „Алта осигурување“ биле применети истите критериуми како кон останатите друштва. Дополнително, партијата прашува дали во трансакцијата посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.
Барање за објавување на документацијата и повик до Обвинителството
Од СДСМ бараат Народната банка, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) да ја објават целокупната документација за двете преземања, вклучувајќи ја хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.
Опозициската партија го обвинува раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека преку најавите за продажба на банката се обидува да спречи проверка на сметките и трансакциите, поради што го повикуваат обвинителот Савески да не чека и да постапи независно и согласно законот.
„Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките“, се наведува во соопштението на СДСМ.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







