
Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата во целина, како и членот 78 од Законот за култура. Одлуката на судот има одложено правно дејство и официјално ќе се применува од 1 април 2027 година.
Протест со „Посмртниот марш на пролетерите“ и предупредување за опасен преседан
Ваквата одлука предизвика силно незадоволство кај културните работници, кои протестираа пред зградата на Уставниот суд, изразувајќи сериозна загриженост за иднината на своите работнички права. Со звуците на „Посмртниот марш на пролетерите“, тие симболично ја испратија правдата, порачувајќи дека укинувањето на нивните права претставува погреб на самата култура.
Од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) предупредуваат дека оваа одлука може да создаде опасен преседан и да ја доведе во прашање иднината и на други колективни договори во државата. Според синдикалците, укинувањето на колективен договор поради тоа што со него е уредено правото на плата отвора можност во иднина да бидат укинувани и останатите колективни договори. Потпретседателката на СКРМ, Тања Мицков, изјави дека на прочуениот „црн петок“ имаат чувство оти во Уставниот суд распродажбата започнала многу порано.
Судијката Кацарска против укинувањето, синдикатот разгледува организирање штрајк
Против укинувањето на Колективниот договор за културата се изјасни уставната судијка Добрила Кацарска, која пред своите колеги ги образложи причините поради кои, според неа, воопшто не требало да биде поведена постапка за оценување на неговата уставност, посочувајќи дека во барањето не биле наведени аргументи што би го оправдале неговото укинување.
Иако примената на одлуката е одложена до 1 април следната година, од СКРМ најавуваат дека ќе продолжат со протестите и со активностите за заштита на работничките права, а синдикатот ја разгледува и можноста за организирање штрајк во културата како следен чекор во борбата за зачувување на правата на вработените во овој сектор.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден







