
Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, дојде до остра дебата меѓу претставниците на власта и опозицијата. Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, директно го посочи раководството на ВМРО-ДПМНЕ како главен виновник за застојот на македонскиот напредок. Таа нагласи дека Македонија е блокирана од самата себе, односно од Христијан Мицкоски и партијата што тој ја предводи.
Уставот не е конзерва риби
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
На овие обвинувања остро возврати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој сликовито порача дека „Уставот не е конзерва риби да се отвора кога ќе ви текне“, алудирајќи на притисокот за брзи уставни измени. Тој го насочи фокусот кон последиците од надворешната политика.
„Македонија е блокирана од сама себе, од некој со име и презиме и се вика Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“
Осврнувајќи се на проблемот со источниот сосед, Милошоски истакна дека ситуацијата воопшто не бележи напредок. Според него, по потпишувањето на Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија, наместо подобрување, секоја година се бележи континуирано влошување на билатералните односи меѓу двете држави.


